Кралицата се одмаздува, чекор по чекор: Еве што ѝ одзела на Меган Маркл
Постепено им укинува сè
Кралицата првично планирала да ѝ го одземе и накитот што го носела на денот на свадбата
По одземањето на титулата и барањата да се надоместат трошоците за поправките на куќата на принцот Хари и Меган Маркл, кои биле платени со јавни пари, британската кралица Елизабета продолжила со скратување на бенефитите и луксузот во кои двојката уживаше пред да се откаже од кралскиот статус.
Имено, сега на поранешната војвотка од Сасекс ѝ е одземен накитот од кралската колекција, кој Меган го обожавала. Одземен ѝ е дури и познатиот прстен со син камен што го добила откако се омажила за принцот Хари.
Кралицата првично планирала да ѝ го одземе и накитот што го носела на денот на венчавката, а кој бил специјално направен за неа со помош на парчиња од колекцијата накит на покојната принцеза Дијана, но на крајот се премислила и ѝ дозволила да го задржи.
Фото: Getty Images