Не бидете лесен плен за мажите! Топ 20 правила за среќна врска и цврст брак

Подготовката е пола завршена работа

Вистинската жена ги знае правилата и не им дозволува на мажите да манипулираат со неа

Американските писатели Елен Фајн и Шери Шнајдер уште пред 20 години направиле листа на совети што ќе ви помогнат да го најдете мажот од вашите соништа. Нивната книга „Нови правила“ и понатаму се печати и имаат голе број обожаватели. Во што се крие нејзината тајна?

Долги години, гуруата Фајн и Шнајдер го анализирале однесувањето на жените што се среќни со својот приватен живот – оние што имаат голем број додворувачи, успешно се омажиле и уживаат во својот брак.

Како што тврдат самите автори, во текот на изминативе 20 години, жените сами сфатиле дека нивните правила функционираат. Тие изградиле врски полни со љубов и почит, што довело до среќен брак.

„Мажите сакаат предизвици и губат интерес кога предметот на својот интерес, особено кога станува збор за жена, го добиваат прелесно. Тајната што ќе ви помогне да го освоите мажот од вашите соништа е – бидете недостапни. Однесувајте се како тој да не ви значи ништо“, авторките сметаат дека на овој начин ќе создадете мистерија и ќе го наведете да копнее за да ве види.

Ги откриваме сите 20 правила според кои веќе две децении се водат милиони жени…

1. Немојте да изгледате и да се однесувате како сите останати девојки.

2. Немојте први да му пријдете и да започнете разговор, немојте први да му се јавите или да му пишете.

3. Немојте да го поканите на состанок преку СМС порака, социјални мрежи или на некој сличен начин.

4. Почекајте барем четири часа пред да одговорите на неговата прва порака, а потоа половина час пред да одговорите на секоја наредна.

5. Секогаш завршувајте го почнатиот разговор и исчезнете.

6. Немојте да одговарате на СМС или какви било други пораки после полноќ.

7. Немојте да прифатите покана за излегување во сабота ако ве поканил во среда. Вистинските девојки се зафатени и секако дека во четврток веќе имате планови за викенд. Ако ви се јави доцна, не му замерувајте, само извинете се и кажете дека сте зафатени.

8. Држете се подалеку од неговите профили на социјалните мрежи и немојте да објавувате работи на неговиот ѕид на Фејсбук.

9. Немојте да бидете видливи во неговите инстант-пораки. Дури и ништо да не ви се случува во животот, не мора веднаш да му одговорите на пораките. Исто како што е случајот во сите други видови комуникација, мажот мора да чека да се укаже можност за комуникација со вас.

10. Немојте да поминувате 24 часа дневно со него, седум дена во неделата.

11. Ако имате врска на далечина, дозволете му нему да предложи комуникација преку Скајп или посета.

12. Немојте први да му пишувате, игнорирајте ги емотиконите и другите детинести детали.

13. Немојте да плаќате за вечера или да ја купувате неговата љубов на кој било друг начин.

14. Немојте да бидете самодеструктивни кога се запознавате со оженети мажи. Ако сака да се гледа со вас, кажете му да ви се јави кога ќе биде слободен. Потоа, прекинете ја секоја комуникација.

15. Немојте да се состанувате со маж кој ќе ви ги откаже плановите повеќе од еднаш.

16. Немојте да му праќате ништо што би можело да направи да ви биде непријатно ако раскинете.

17. Не се согласувајте на секс за една вечер или на врска без обврски.

18. Дајте си време пред првиот секс. Вистинската девојка го остава мажот да чека, за да му помогне да се вљуби во неа во целост, а не само во нејзиното тело. Што подолго го одложувате сексот, толку подолго тој ќе се грижи за вас, ќе планира романтични состаноци и ќе сонува за вас.

19. Немојте да се гледате со маж без обврски. Ако вашата врска трае повеќе од една година, ако мажот не ви нуди брак. Почнете разговор на таа тема, а ако тој почне да бара изговори, понудете му пауза од врската додека се одлучи.

20. Немојте да се гледате со маж кој не ви подарува романтични работи за роденден или за Денот на вљубените.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.