Кој е виновникот: Откриено е зошто Меган Маркл се скарала со Кејт Мидлтон
И не сака да го празнува Божиќ со неа
Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) повторно е на удар, но овој пат не на јавноста, туку на своето семејство.
По таткото на војвотката и нејзината полусестра, чии мемоари ќе излезат наскоро, а кои би можеле целосно да го нарушат нејзиниот статус, сега се јави и Мајк Маркл, роднина на војвотката, кој на британските таблоиди им ја продал наводната вистина за однесувањето на Меган.
Сега The Sun го пренесе неговиот став за Меган и мислењето за нејзиното воспитување.
Меган успеа во животот кога станува збор за социјалниот статус и сите нè остави зад себе, така се чувствувам. Мислам дека тоа е нормално, бидејќи беше во пониска класа, па сега конечно успеа“, наводно изјавил чичкото на Меган.
Таа е разгалена дива бидејќи татко ѝ ја одгледа така“, заклучил тој, откривајќи зошто Меган има проблеми со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Меган е многу детинеста. Така се днесуваше кон нас и сигрно така се однесува и кон кралското семејство“, изјавил Мајк Маркл.
За потсетување, Меган е во лоши односи речиси со целото свое семејство, па годинава Божиќ ќе го прослави во друштво на својот сопруг, принцот Хари, синот Арчи и мајка си Дорија Рагланд. Имено, кралската двојка се одлучила на тој чекор откако војвотката се пожалила дека тешко го поднесува притисокот на славата. Исто така, одлуката и не е толку изненадувачка земајќи предвид дека Хари не е во најдобри односи со својот брат Вилијам.
Фото: Getty Images