Како бомба одекна веста дека Северина Којиќ го загуби старателството над својот син

Пејачката ги потресе сите со зборовите упатени до малиот Александар

Како вистинска бомба одекна веста дека седумгодиншниот Александар Поповиќ ќе живее со својот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, кој според привремената одлука на судот во Хрватска, е неговиот старател, додека, пак, неговата мајка Северина Којиќ ќе плаќа месечна алиментација за детето во висина од 160 евра.

„Информер“ открива дека привремената одлука е донесена врз основа на неколку работи што судот ѝ ги забележал на пејачката. Прво, тоа се скандалите, потоа наводно запоставувањето на интересите на детето бидејќи не го оставала кај татко му кога одела на турнеи, потоа фактот што нејзиниот сопруг Игор Којиќ објавувал фотографии од малечкиот, и покрај судската забрана за тоа, и пресудата за семејно насилство врз основа на заканите што пејачката му ги испраќала на Поповиќ, пренесува споменатиот весник.

Инаку, Северина пред една недела одржа голем белградски концерт, на кој синот ѝ се придружи на бината, а таа изјави дека „лошите луѓе“ сакаат да и’ го земат „она што девет месеци го носела под срцето“.

Колешките Јелена Карлеуша, Сека Алексиќ, Наташа Беквалац и многу други јавно ја поддржаа популарната пејачка:

Одамна немам слушнато нешто пострашно од ова, длабоко сум потресена. И јас бев во процес што беѓе стресен за мене, но кој не може да се спореди со стресот што таа го доживува со години, но не знам што треба да се случи детето да биде откорнато од мајката што го родила? Што треба да се случи?!, праша Наташа Беквалац.

Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката вчеравечер, во 20 часот, видно растревожена, го однела синот на адресата каде што го презел тимот на Милан Поповиќ, а потоа се огласи на Инстаграм со писмо упатено до Александар.

Знаеш, сине, тоа се само некои листови хартија, што ги напишал некој, и некои букви што ги искуцал некој во зборови кои не се вредни за нас двајцата. Не одделија еден од друг физички, но тоа е се’ што можат да ни направат.

По седум и пол години ми дадоа да те гледам 88 часа месечно. Еј, сепак тоа се 88 часа. Можеа и помалку, можеа сè и направија сè за да нè повредат.

Но, дали знаеш што сè можеме ние, јас и ти во тие 88 часа? Можеме чуда данаправиме. Ми дозволија двапати месечно да можам да спијам со тебе и да се заспијам. Еј, колку можеме да се расприкажеме ние двајца во текот на тие две вечери тие не можам ни да замислат. А сите преостанати вечери, мама ќе те замислува. Бидејќи ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.

Некои туѓи луѓе можат да ми те забранат, но не можат да ми забранат да те сакам, да мислам на тебе во секоја секунда. Сине, ова е само лош сон и мама ти ветува дека брзо ќе се разбудиме.

Повторно ќе се заспиваме секоја ноќ, а за тоа ќе одлучи времето. Дотогаш, мама секогаш ќе биде со тебе и ова брзо ќе помине, сине.

Прости ми што не стасав да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу поважни работи… гледавме Toy story 4, па правевме палачинки, па си игравме зоолошка градина… немавме време за тага, ниту за објаснување… морав да те однесам и отидовме насмеани.

Тие чудни зборови што постојат само на листот хартија, а не и во реалноста, ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и која си игра со нас… тетка на повисоко ниво на игрицата. Внесе нови правила во играта наречена хрватско судство.

Ние ова не го ни претпоставувавме, не ги знаевме правилата. Тоа се нејзини правила, нивни, а не наши.

Биди ми добро и сè ќе биде добро. Мама е добро, Робине мој, Бетмен те чека.

И прости им, сине, бидејќи навистина не знаат што прават“, заклучи Северина, предизвикувајќи солзи во очите на сите.

Потсетуваме, судијата Теа Голуб донесе привремена мера и наложи синот на српскиот бизнисмен и пејачката во иднина да живее со таткото и тој самостојно да се грижи за здравјето и за образованието на детето.

Извор: Стори

Фото: АТА Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.