Шакира на работ на лудило поради депресијата, Жерар ја запознал нејзината мрачна страна!

Популарната колумбиска пејачка Шакира (42) подолг временски период беше отсутна од јавната сцена од здравствени причини.

Имено, пред неколку дена во интервјуто за „Д Гардијан“, темпераментната пејачка откри дека поминала низ многу тежок животен период, помирувајќи се дури и со фактот дека никогаш веќе нема да запее.

Освен што и’ крвавеле гласните жици, пејачката имала тешкотии и кога зборувала.

Секогаш бев свесна дека во мојот живот ќе загубам нешто, на пример, како што е младоста, убавината, но никогаш не помислував дека тоа би можел да биде мојот глас. Мојот глас е мојот идентитет. За мене беше неподносливо да не пеам. Таквата состојба ме одведе во депресија, имаше денови кога не можев да станам од креветот“, искрена беше Шакира.

Инаку, Шакира, која во Барселона живее со сопругот Жерар Пике и со синовите Милан и Саша, не крие дека поради болеста и депресијата страдал и нејзиниот семеен живот.

Имено, во изминатиот период се шпекулираше дека славната двојка е пред развод, но се воспостави дека ваквите наводи се неточни.

Она што е вистинито во целата оваа приказна е дека Шакира успеа да се издигне од пепелта како Феникс благодарение на силната волја и амбицијата, продолжи да ги лекува гласните жици, а како награда – гласот и’ се врати без медицинска интервенција, која и’ ја сугерираат лекарите, но таа категорично ја одби и одлучи да ги лекува со алтернативен метод на лекување.

Тоа беше своевидно религиозно искуство за мене.“

Фото: Guliver Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.