За љубителите на познатите вкусови, но завиткани во модерно руво, издвоивме вкусен рецепт за омилената зелена салата.
Состојки: 80 г марула, 80 г рукола, 30 г морков, 50 г јаболко, 50 г круша, 30 г телешка пршута, балсамико-крем, 80 г козјо сирење, 20 г брашно, 20 г лебни трошки, 1 јајце, маслиново масло
Приготвување: ги миеме и ги сечкаме марулата и руколата, па ги ставаме во пластичен сад.
Морковот го рендаме на најситно ренде, а јаболкото и крушата ги сечкаме на ситни коцкички.
Ги додаваме во пластичниот сад со марулата и руколата.
Зачинуваме со маслиново масло.
Козјото сирење го сечкаме на коцки, секоја коцкичка посебно ја валаме во брашно, јајца, па во лебни трошки и ја пржиме во врело масло.
Салатата ја сервираме во чинија.
Одозгора го редиме козјото сирење.
На крајот ја додаваме телешка пршута и зачинуваме со балсамико-крем.
Текст: Т. Богунова
Фото: Александар Велов