Сара Џесика Паркер е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“!

Сигурна е дека филмот ќе влезе во трката за Оскар

Холивудската актерка Сара Џесика Паркер е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“. Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија од филмот и напиша дека е сигурна дека „Медена земја“ ќе влезе во трката за Оскар.

’Медена земја’ е неверојатна, визуелно зачудувачка, интимна, а, сепак, епска приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам. Има причина зошто овој филм ја добива секоја награда за документарен филм“, порача Џесика Паркер.

Таа во објавата им честита на филмаџиите Љубомир Стефанов и на Тамара Котевска.

Ви благодарам што ни дозволивте да патуваме со вас во малото село во Република Македонија, ќе ве следам секаде“, пишува таа.

Актерката додаде дека филмот се прикажува во Њујорк и дека е сигурна дека ќе биде номиниран за „оскар“.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време