Прекрасната јужноафриканска актерка отишла чекор подалеку кога е експериментирањето со фризурите во прашање
Шарлиз Терон (44) по летувањето на хрватското приморје се вратила на снимање на новото продолжение на филмот „Брзи и бесни“, во кое повторно ќе ја игра улогата на Сајфер.
Занесната оскаровка на Инстаграм се пофалила со првите фотографии од сетот и со новата фризура.
https://www.instagram.com/p/B16RfSgBKTo/?utm_source=ig_embed
Јужноафриканската актерка, која во текот на својата кариера често експериментирала со фризурите, овој пат се одлучила за таканаречената тенџере-фризура, која со години е меѓу најомразените трендови.
Инаку, тенџере-фризурата или печурка-фризурата, настанала кон средината на 1960 година, а првобитното име и’ било „фризура во пет точки“.