Одличен извор на протеини и замена за месо: Одлични причини зошто би требало да го вклучите модриот патлиџан во исхраната

Плод што ќе ви го прероди организмот

Овој виолетов плод ги спречува кардиоваскуларните болести, но и ракот

Модриот патлиџан, познат по силно виолетовата боја, потекнува од Индија и се консумира веќе 3.000 години, а потоа се проширил и во Европа во 14 век.

Веганската кујна го препознава како одлична алтернатива за месо, бидејќи е добар извор на протеини.

Свежиот модар патлиџан во 100 грама содржи само 24 калории, додека сварен содржи 35, а е богат извор на влакна, особено на целулоза, која е добра за дигестијата, изобилува со витамини Б1, К, Ц, А и фолна киселина.

Модриот патлиџан е многу познат по антиоксидансот насунин, кој се наоѓа во неговата кора, а кој ги штити клетките на организмот од уништување, но е и добар собирач на слободни радикали, па влијае врз излачувањето вишок железо од организмот.

Токму овој антиоксиданс влијае врз превенцијата на кардиоваскуларни болести, како и врз превенцијата на рак.

Се смета дека токму поради горчливиот вкус, модриот патлиџан влијае врз ублажувањето на грчевите во желудникот и слични дигестивни проблеми.

Модриот патлиџан има низок гликемиски индекс, па токму затоа е добар производ за дијабетичари, а клорогеничната киселина, која исто така има антиоксидативни својства, помага во снижувањето на нивото на лошиот холестерол.

Приготвување на модриот патлиџан:

Најдобриот начин на приготвување на модриот патлиџан е да го испечете на скара, на пареа или да го похувате. Доколку го похувате, треба да внимавате, бидејќи со самото тоа и калориската вредност значително ќе се зголеми. Првите две опции се значително поздрави.

Кога одбирате модар патлиџан, стиснете го за да проверите дали е зрел. Доколку кората се врати на место, значи дека е зрел, а ако остане вдлабната, се’ уште не е добар за приготвување.

Чувајте ги на температура од околу 10 степени Целизусови. Сечете го и лупете го непосредно пред приготвувањето, бидејќи брзо ќе се расипе ако „месото“ му е откриено.

Горчливиот вкус на патлиџанот можете да го неутрализирате ако користите сол пред готвење. Исечете го патлиџанот на посакуваната големина, па посолете ги парчињата и оставете го да отстои така 30 минути, па горчливиот вкус ќе исчезне.

Патлиџанот се комбинира со голем број производи, а се смета и дека ги балансира сите други вкусови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.