Коктели што даваат енергија

Добро е да се знае

Детоксикациските напивки во последно време се многу популарни. Тоа воопшто не е чудно, бидејќи тие се одлични чистачи на целиот организам, особено на системот за варење. Испробајте ги овие едноставни и достапни рецепти. Чекорот нека ви биде лесен, а телото полно енергија!

ДОБАР СТАРТ

Изматете во блендер по половина исчистена банана и јаболко, китка коријандер, лажица трици и 150 мл вода. Овој коктел е одличен за појадок.

ИЗБЕРИ СПАНАЌ

Во блендер измешајте лажиче исчистен и изрендан корен од ѓумбир, две дланки спанаќ, две исчистени и исечкани јаболка и две лажичиња мед. Сипете чаша вода и матете додека добиете хомогена смеса. Оваа напивка има одлично противвоспалително дејство.

МОЌЕН МИКС

Ставете во блендер исчистено јаболко, половина грејпфрут без кората, исчистена банана, лажиче мед и сок од половина лимон. Матете додека добиете хомогена смеса, постепено сипувајќи чаша оладен зелен чај. Цитрусите и зелениот чај се најмоќната комбинација на производи за чистење.

ЃУМБИР И МЕД

Во шолја топла вода сипете две лажици лимонов сок. Додајте лажиче мед и прстофат рендан корен од ѓумбир, па сето тоа добро измешајте го.

ЗЕЛЕНО ОСВЕЖУВАЊЕ

Кое било зелениште да ви се најде при рака (босилек, спанаќ, магдонос, киселец, коријандер), измијте го, исушете го, иситнете го и ставете го во блендер, пожелно е со гранчињата. Додајте исечкана банана и чаша сок од мандарини. Изматете.

Детоксикациските коктели повремено може да ви го заменат главниот оброк или ужината. Програмата трае до три недели.

! Контраиндикации: воспалителни заболувања на гастроинтестиналниот тракт, на зглобовите, на кардиоваскуларниот систем, симптоми на камен во мочниот меур, дијабетес. Не се препорачува за деца и постари луѓе, трудници и доилки.

Текст: Татјана Прохорова, фитотерапевтка

Фото: pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.