5 најдобри детоксикациски бањи

Поимот детоксикација не се однесува само на диеталните денови или одредени диети. Тоа е чистење на организмот во секаква смисла и задолжително вклучува топли релаксирачки бањи, кои поттикнуваат потење и исфрлање на токсините

Најдобро е пред бањањето да испиете чаша топла вода. Водата за бањата треба да биде максимално врела, но поднослива. Како што ќе се лади, можете да додавате врела вода. Процедурата спроведувајте ја еднаш неделно, во траење од 20 минути до половина час.

СМИРУВАЧКА ЛАВАНДА

Измешајте две лажици суви цветови од лаванда со шолја (200 г) горчлива сол (магнезиум сулфат) и сипете ја во бањата. Во приготвената вода додајте и пет-шест капки етерично масло од лаванда.

СУПЕРДЕТОКСИКАЦИЈА

Измешајте по една шолјичка сода бикарбона, морска и хималајска сол. Растворете ја смесата во бањата и додајте од пет до седум капки од омиленото етерично масло.

Морската и хималајската сол имаат способност да го регулираат нивото на водата во целото тело и да одржуваат здрава рамнотежа на пХ-вредноста на кожата.

ТОНИЗИРАЧКИ ЗЕЛЕН ЧАЈ

Во литар зовриена вода сварете пет кесиња зелен чај, додајте по една шолја морска и горчлива сол, како и омиленото етерично масло. Сипете го тоа во кадата. Зелениот чај е природен антиоксидант, кој ја затегнува кожата и придонесува за детоксикација на организмот. Во неговиот состав има витамини и драгоцени минерали. Витаминот А ја прави кожата мазна, а витаминот Б2 ја одржува хидратацијата.

ЃУМБИР ЈА ВРАЌА СИЛАТА

Шолја горчлива сол, три рамни лажици мелен корен од ѓумбир и пет-шест капки етерично масло од ѓумбир растворете во вода. Ѓумбирот ги отстранува уморот и напнатоста, помага да се ослободите од болка во мускулите, ја прави кожата затегната и еластична.

МЛЕКО И МЕД

Измешајте шолјичка-две млеко со шолјичка мед и шолјичка горчлива сол. Млечната киселина ќе помогне да се ослободите од изумрените клетки на кожата, а медот е вистинско освежување за уморната и сува кожа.

! Можни се индивидуални контраиндикации! Посоветувајте се со својот лекар.

Текст: Ирина Баркар, висцерална терапевтка

Фото: pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.