Вака приготвените палачинки може да ги јадете и наредниот ден
Тајната на палачинките што се меки и воздушести како пена не е толку во составот колку што е во еден трик.
Еве за што станува збор…
Состојки:
- 200 грама брашно
- 200 милилитри млеко
- 200 милилитри кисела вода
- 2 лажици масло
- 1 ванилин шеќер
- кора од 1 лимон
- прстофат сол
- 1 цело јајце
- 1 белка
Приготвување:
Со миксер изматете млеко и јајце, па додајте кисела вода, ванилин шеќер, кора од лимон, масло и брашно. Посебно изматете со миксер снег од 1 белка, па со лажица постепено вмешувајте го во смесата за палачинки.
Токму поради вака вмешаната белка, палачинките ќе бидат меки и воздушести.
Пропржете ги вака изматените палачинки на малку масло и филувајте по желба.