Динстан путер-компир од рерна: Незаменлив прилог за буквално секое јадење!

Вкус прва класа!

ФОТО: Profimedia

Толку мек компир што се топи во уста!

Состојки:
  • 1 килограм млад компир
  • сол по вкус
  • 150 грама путер (ако постите, може и маргарин)
  • 1-2 лажички мелена пиперка
  • бибер по желба
Приготвување:

Измијте го компирот, а поголемите компири исечете ги на пола. Посолете по ваш вкус, зачинете со бибер и со раце распределете ја и мелената пиперка. Прелејте ги со растопен путер, измешајте го сето тоа со раце и завиткајте го во алуминиумска фолија.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу еден час или додека не омекне компирот.

Извадете ја фолијата и послужете го компирот со вашето омилено јадење.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.