Шампињони во бешамел сос: Неодоливо кремаво предјадење што ќе ве воодушеви од прво залче!
Наша препорака!
Нема шанси да не ви се допадне ова предјадење
Потребни состојки:
- 400 грама шампињони
- околу 40 грама путер
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 1 лажичка сол
- прстофат мелен бибер
- 1 лажичка сув зачин
- 3 лажици брашно
- 6 децилитри млеко
- половина лажичка мускатно оревче
- 2 децилитри кисела павлака
Приготвување:
Измијте ги шампињоните, исцедете ги и исечкајте ги по желба. Потоа, пропржете ситно сечкан кромид на путер. Додајте исечкан лук, па исечканите шампињони и пржете ги со повремено мешање околу 10 минути. Додајте сол, бибер и сув зачин.
Кога течноста што ја пуштиле шампињоните ќе почне да се намалува, додајте брашно и пропржете го кратко, мешајќи со лажица.
Долевајте по малку ладно млеко, притоа непрестајно мешајќи. Како што сосот ќе станува погуст, долевајте по малку млеко и мешајте. Додавајте млеко сè додека не ја добиете посакуваната густина на сосот.
Додајте уште малку сол и сув зачин по вкус, па изрендајте мускатно оревче.
Кога ќе ја добиете посакуваната густина, тргнете го тенџерето од рингла, додајте кисела павлака и мешајте додека не се соединат сите состојки од сосот.
Добар апетит!