Емина Јаховиќ зад себе остави бурен период. Пејачката се разведе со Мустафа Сандал по 10 години брак, набрзо почна љубовна врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран, која ја раскина пред два месеци за повторно да се смират, но по неколку недели, како што самата истакна, дефинитивно и’ дојде крајот на таа приказна.
Имав многу бродоломи. Можеби изгледам среќно, но во мене постои нешто друго, всушност. Едноставно, јас сум живо суштество, можам да поднесам многу и поднесов многу. Животот не е отсуство на проблеми, животот е способност да се справуваш со проблемите“, истакна пејачката за време на гостувањето во една ТВ-емисија.