Стоп за фемицидот – пријави насилство!

Бројот на жртвите на семејно насилство веќе пет години надминува илјада. Меѓу жртвите на семејно насилство има од двата пола, иако над 80 проценти се жени.

Според податоците, ваквите случаи на семејно насилство завршуваат и со обид за убиство, но и со убиство. Така, во овие 5 години најалармантен е податокот од лани кога имало дури седум фемициди и два обиди за убиство.

Од Министерството за труд и социјална политика ги охрабруваат жените да не трпат, да побараат помош, да пријават во најблискиот центар за социјална работа, во полициска станица или во граѓанските здруженија.

По пријава за насилство, центарот за социјална работа мора да постапи веднаш, најдоцна во рок од 12 часа од добиено сознание за родово-базирано или семејно насилство и да преземе мерки за заштита на жртвата во согласност со процената на ризик.

Дизајнерот Марко Фехер за ревијата посветена на Вивиен Вествуд на 51-та белградска модна недела

Текст: Јована Стојменовиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.