Десерт што ќе ве освои на прво залче
Потребни состојки:
- 200 грама бело чоколадо
- 200 грама млечно чоколадо
- 400 грама кисела павлака
- 2 децилитри слатка павлака
- 10 грама желатин
- 1 децилитар вода
- половина лажичка кафе
- 100 грама бисквити
Приготвување:
Ставете го желатинот во ладна вода за да набабри. Во два сада стопете ги белото и темното чоколадо, секое со по 1 децилитар слатка павлака. Во стопеното чоколадо додајте желатин и добро измешајте за да се стопи желатинот.
Во топлото чоколадо додајте по 200 грама павлака. Во темниот дел додајте и кафе. На дното од помал калап, наредете ги бисквитите потопени во млеко.
Наизменично ставајте ги белата и темната смеса. Оставете го десертот во фрижидер неколку часа за да се зацврсти.