Подарок за две читателки: „Невидлива жена и други раскази“ и „Глад“

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Драги наши, една читателка на „Убавина и здравје“ ќе биде среќна добитничка на делото „Невидлива жена и други раскази“, а друга на романот „Глад“ – подароци од издавачката куќа „Антолог“.

„Невидлива жена и други раскази“ е добитник на наградата „Букстар“ за 2018 година.

Дали со староста стануваме невидливи, што се случува со нашите тела, со нашиот однос кон другите и – уште поважно, со односот на другите кон нас? Мрежите што ги плетеме цел живот одеднаш стануваат тенки и кревки. Преку шеснаесет раскази во оваа книга Дракулиќ раскажува за меѓучовечките односи, за релациите меѓу родителите и децата, за заминувањето, исчезнувањето, заборавањето, болеста, срамот и болката, за најдлабоките чувства за кои не се осмелуваме да зборуваме.

Длабоко емотивно, без задршка, раскажува за искуството при распаѓањето на животот. Катарзична, ослободувачка, удира во плексусот на современието. Секој расказ посебно му влегува на читателот под кожа, терајќи го да застане, да размисли за себе и за другите, да биде шокиран, да заплаче, да се препушти и на емоциите и на разумот.

Книга што уште еднаш докажува дека само литературата може да зборува за неизречливото!

Глад“ –  Џамал Уаријачи

Аурели Линдебом е шокирана кога сосема неочекувано е уапсен нејзиниот сакан! Александар Лазло, светски познат филантроп што работи во организацијата „Помош за развој“, е обвинет за сексуален напад врз едно од своите посвоени деца од Етиопија. Дали Аурели навистина била со човек што, без нејзино знаење, имал педофилски тенденции?

Десетина години подоцна, таа има ќерка и работи како ТВ-новинар. Во тој период Лазло како гром од ведро небо повторно стапува во контакт со неа, со предлог што ќе има далекосежни последици…

Дали ќе се слушне приказната на Лазло? Приказна за борбата против грчовитиот молк за табуата, за доминантниот страв и став во холандското општество!

Романот „Глад“ ја добива Наградата за литература на Европската Унија за 2017 година.

Доколку сакате да ги добиете овие две ремек-дела на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од декемвриската „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јануарскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.