Задоцнета памет: Поради тврдоглавост ја загубив љубовта на мојот живот

Кога би се преиспитале себеси, веројатно секој од нас би се покајал и би зажалил за некоја своја одлука, лоша проценка или однесување во минатото. Но времето не можеме да го вратиме. Затоа престанете да се каете – лошите искуства свртете ги во своја полза и од нив извлечете корисни поуки што ќе ви користат во иднина.

„Мојот најголем грев беа тврдоглавоста и бунтовништвото“, вели Милена С. од Скопје, 29-годишна уметница.

На 20 годишна возраст бев убавица, убедена дека секогаш сум во право, склона да истерам по свое. Бев тежок пријател и колега. Забележав дека сè помалку луѓе се дружат со мене. Мојот партнер го загуби трпението и останав без љубовта на мојот живот.

Сега се наближувам кон триесеттата година од животот и сфатив дека мора да научам да го победам сопственото его и да го сменам погледот на светот, дека мора да бидам помалку себична. Се надевам дека ќе пронајдам нова љубов, бидејќи сега сум многу поотворена.

Тврдоглавоста ме чинеше и кариерата, но за тоа не жалам, бидејќи се работи само за пари. Но во љубовта треба да се има слух за туѓите чувства. Тоа е непроценливо.

 

У&З-СОВЕТ Милена има многу добар увид во природата на својот проблем и висока критичност кон своето незрело однесување, што е прв чекор кон промена. Обично, промените се случуваат побавно отколку што би сакале. Можеме да напредуваме само постепено, трпеливо, и не треба да се разочаруваме и да се откажуваме ако не постигнуваме сè со посакуваното темпо.

Текст: Жикица Милошевиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.