ТЕСТ: Утврдете го својот тригер за среќа и уловете ја!

План за среќа

Среќата е субјективно чувство – само ние знаеме кога е тука, а кога ни недостига. Меѓутоа секогаш не сме сигурни како да стасаме до неа. Искористете го годишниот одмор и размислете за различни области од животот и за своите приоритети.

Психолозите веруваат дека откривањето на личниот двигател на среќата е прв чекор кон остварување трајно задоволство во животот. Било да се работи за емотивна исполнетост, чувство дека ве почитуваат во работата или, едноставно, за задоволство од физичкиот изглед, ако тоа ве прави среќни – тогаш е вредно да работите на него.

Во почеток, решете го овој тест, а потоа тој нека ве поттикне сериозно да размислите за секој сегмент од својот живот. Кој од нив ве прави среќни, а кој ве исполнува со грижи? Што можете да направите да ја подобрите ситуацијата? Ако работите на тоа да ги избркате темните облаци над својот живот, со право можете да очекувате сончево време во иднина. Исто како да сте на годишен одмор…

ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ РАНГИРАЈТЕ ЧЕТИРИ ОПЦИИ (А – Г) СПОРЕД ВАЖНОСТА ЗА ВАС; 1 ВАШИОТ ПРВ ИЗБОР, 2 ВТОР, 3 ТРЕТ И 4 ОПЦИЈАТА ШТО ПОСЛЕДНА БИ ЈА ИЗБРАЛЕ.

1 Кога би освоиле износ од 100.000 евра на лотарија, на што прво би ги потрошиле парите?

а. Би дала отказ и би основала своја фирма.

б. Би купила нешто во кое би можеле да уживаме мојот партнер и јас.

в. Би ја обновила целата гардероба и би направила неколку естетски корекции.

г. Би отишла на одмор од соништата.

2 Кога би можеле да смените само едно нешто во својот живот, што би смениле?

а. Повеќе би се фокусирала на кариерата.

б. Емотивните врски би ги ставила на прво место.

в. Повеќе би внимавала на физичкиот живот.

г. Многу повеќе би патувала и би учела нови работи.

3 Кога би можеле да подобрите една област во својот живот, што би било тоа?

а. Работата.

б. Односите со другите.

в. Својот изглед.

г. Начинот на кој го поминувам слободното време.

4 Замислете си дека имате 17 години. Како би сакале да се чувствувате?

а. Би сакала да бидам горда на фактот дека сум остварила успешна кариера.

б. Замислувам дека сум среќна со својот сопруг, со нашите деца и со внучињата.

в. Желба ми е да се гордеам со својот изглед, одржаната форма и со енергијата.

г. Се замислувам како многу активна личност, полна со креативни идеи и интереси.

5 Ако имате деца (или посакувате да имате), кој е вашиот родителски приоритет?

а. Нагласување на важноста на образованието и остварување низ креативна работа, што носи успех и независност.

б. Развивање социјални вештини и создавање добри односи со другите.

в. Да ги научам да одржуваат совршен физички изглед, кондиција и здравје.

г. Поттикнување на развој со широк спектар – интереси и вештини.

Вашите одговори:

Избројте колку пати сте заокружиле одговори под а, б, в и г. Конечниот збир запишете го во празниот простор покрај соодветната буква.

РЕЗУЛТАТИ

Совет од психолог: во овој дел од текстот се рангирани областите од животот што ви се важни за општата среќа. Колку повеќе време и труд вложите во нив, толку ќе бидете посреќни. Не е важно која област сте ја рангирале како прва, најважно е да му дадете приоритет на она што ви е најважно ВАМ.

ЧЕТИРИ ОБЛАСТИ:

а. Работа и кариера

б. Односи

в. Личен изглед и кондиција

г. Одмор/патувања/хоби

Вашиот највисок резултат го открива вашиот најважен приоритет. Значи, најмалиот број поени укажува на област што ви е најмалку важна. Кога ќе дознаете што ви е најважно во животот, повеќе нема да имате дилеми во изборот на активностите што ве усреќуваат.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.