Ритуали за разубавување што можеме да ги „препишеме“ од Мерилин Монро

Многумина ја сметаат за секс-симбол на сите времиња, што со сигурност дава до знаење дека таа многу внимавала на својот изглед. Меѓутоа, за разлика од денешните ѕвезди, кои имаат на располагање многу повеќе продукти, технологии, козметичари и доктори, таа била многу поопуштена, а успеала да остане запаметена по својата убавина.

Интересно е тоа што во 1952 година Мерлин Монро објавила книга со наслов „Како се одржувам во форма“ („How I stay in form“), во која тогаш 26-годишната актерка опишува дека се негува на мошне едноставен начин.

Висока 164 сантиметри, Мерлин имала од 54 до 63 килограми, а на сите свои фотографии зрачи со здрава убавина.

Искрено никогаш не сум размислувала дека ќе имам истакната фигура. Мојата единствена грижа е да имам доволно за јадење“ – пишува во својата книга Мерлин, која израснала во многу сиромашно семејство.

Денеска на многу девојки и жени идоли им се жени како Кејт Мос и Викторија Бекам, па се истоштуваат со ригорозни диети. Неодамнешно истражување покажало дека 65% од жените страдаат од некакво нарушување во исхраната.
Пред да се истуширам наутро, загревам една шолја млеко и во него додавам две јајца и ги матам со виљушка. Ова го пијам додека се облекувам. Ова е сигурно подобро отколку некои додатоци во разните пилули, а се сомневам дека доктор би можел да препише похранлив појадок за вработена девојка која брза“ – напишала таа во книгата.

Моите вечери се многу едноставни. Секоја ноќ купувам јагнешки или телешки шницли кои ги печам во рерна. Заедно со месото јадам четири или пет моркови и тоа е тоа. Морам да имам нешто зајачко во мене, бидејќи никогаш не ми е доста од моркови.“

Таа не бегала ниту од слаткото и многу често јадела сладолед. Сепак, се хранела со здрава непреработена храна и никогаш не прескокнувала оброци.

Предност им давала на протеините, а енергијата ја трошела на вежбање. Мерлин не сакала многу да вежба, но сепак морала да го прави тоа.

Што можеме да научиме за убавината од Мерлин Монро?

Веднаш по станувањето, таа правела разни вежби кои сама ги смислувала со тегови од 2 килограми, во времетраење од десет до 30 минути, во зависност од тоа како се чувствувала во моментот.

Нејзиниот став бил исправен, бидејќи секогаш го слушала своето тело“ – кажува денешниот фитнес гуру Далтон Вонг.

Всушност, едно истражување за тренинзите со висок интензитет на вежбање, потврдува дека на секоја возрасна личност и се доволни само 10 минути вежбање дневно.

Вежбите со тегови се одлични, бидејќи помагаат за согорување на калориите во текот на целиот ден. Притоа, можете да ги одржувате и мускулите. Едно истражување покажало дека дури 90% од жените се незадоволни со својот изглед, а дури 2/3 од нив би направиле естетска интервенција.

Меѓутоа, Мерлин и воопшто жените од нејзиното време немале потреба да се грижат за ваквите работи, бидејќи тогаш биле непознати.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.