Ова се земји идеални за животот на интровертите

За интровертите се смета дека се срамежливи, повлечени, нервозни, вознемирени од толпи луѓе. Експертите кои го проучуваат нивниот начин на живот предлагаат и земји кои би биле идеални за нив!

На списокот се наоѓаат Канада, Австралија, Нов Зеланд, Норвешка…

Студиите покажуваат дека интровертите не треба да се осудуваат бидејќи тие сакаат само да поминат дел од своето време сами и да ги „полнат“ батериите.

Тоа се луѓе кои не се социјално хендикепирани, но бараат слободен простор, што ќе го искористат за себе, што е крајно неопходно за секого од време на време.

На страницата „Трговска машина“, има список на земји кои се најдобри за интроверти, односно градови со помалку гужва, многу отворен простор и зеленило, како и распространетост на безжичен интернет, добра просечна плата и цена на изнајмување на имот за цел живот.

Од понудените земји, Канада е на прво место, поради својата мала густина на население и природните предели. Веднаш зад неа е Австралија, од многу слични причини, а тука се и Велика Британија, Русија, Финска, Нов Зеланд, Норвешка, Мавританија и Белизе.

Покрај ова истражување, страницата, исто така, се занимава со занимања, кои се популарни кај интровертните луѓе.

Заедничко за нив е дека тие имаат доза креативност, но и независност.

Има и такви кои се малку поразлични од тоа правило, а занимањата се: писател, композитор, уметник, златар, компјутерски инженер, генетичар, автомеханичар за тркачки автомобили, археолог, тренер за животни, зоолог.

Прочитајте и: 5 совети што треба да ги прифатите: Научете да се исклучувате по работното време!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.