Од каде потекнува страдањето: Познатиот мистик Ошо открива како да се ослободите од лошите мисли!

Задолжително прочитајте

Познатиот мистик Ошо открива од каде потекнуваат страдањето, несреќата и незадоволството во животот – еве како можете тоа да го спречите

Познатиот мистик Ошо има напишано многу книги за самопомош и станал популарен ширум светот. Филозофијата на Ошо се сведува на тоа дека многу од работите што нè оптоваруваат и за кои претерано размислуваме, всушност, не се толку значајни за нашата судбина колку што ни се чини.

„Луѓето сè сфаќаат толку сериозно што тоа им станува товар. Научете повеќе да се смеете. За мене насмевката е света како и молитвата“, рекол Ошо.

Низ неговите дела секогаш се провлекува мислата дека не е важно кој е посилен, попаметен, поубави и побогат. На крајот на краиштата, важно е само дали сте среќен човек или не.

Среќата е она кон коешто тежнееме, таа состојба на радост што ја чувствуваме со целото битие. Кога сме среќни и знаеме да се радуваме, сè станува полесно и поубаво.

Ошо објаснил од каде потекнуваат страдањата и незадоволствата во животот:

„Ако си богат, не размислувај за тоа. Ако си сиромашен, не сфаќај ја сериозно твојата сиромаштија. Ако си во состојба да живееш во светот гледајќи го како обична претстава, ќе бидеш слободен и нема да бидеш допрен од страдањата. Страдањето потекнува само од сериозниот став кон животот. Почнете да го третирате животот како игра, уживајте во него.“

Животот е една голема игра – погледнете го низ детски очи и ќе видите дека постојат толку прекрасни работи што штета е да се фокусирате на негативните.

Мајка Тереза знаела како да постапи со злите луѓе: Еве што треба да направите ако некој се однесува лошо со вас!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.