Ручек за денес: Тиквички полнети со месо – сочни и полни со фил, се топат во уста!

Вкусно!

Полнетите тиквички се оброк што се приготвува многу брзо и лесно

Тиквичките можете да ги приготвите на безброј начини. Денес ви предлагаме рецепт за тиквички полнети со месо. Пригответе сочен фил со којшто ќе ги исполните чамчињата од тиквички, потпечете ги и уживајте!

Состојки:
  • 2-3 тиквички
  • 500 г мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 4 лажици варен ориз
  • магдонос
  • кашкавал
  • доматен сос
  • доматно пире
Приготвување:

Пресечете ги тиквичките во должина, па издлабете им ја средината (направете чамчиња). Потоа, во тавче продинстајте кромид, додајте мелено месо, а потоа и варен ориз. Додајте една сечкана пиперка, па потоа и средината што сте ја издлабиле од тиквичките. Додајте и магдонос, доматен сос и пире и зачини.

Наполнете ги тиквичките со филот, покријте ги со фолија, па печете ги во рерна на 200 степени околу 30 минути. Додајте кашкавал и магдонос и послужете ги.

Тиквички полнети со бело месо и павлака: Одличен летен ручек!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе