Мајка Тереза знаела како да постапи со злите луѓе: Еве што треба да направите ако некој се однесува лошо со вас!

Прочитајте!

Родена е во Скопје и била прогласена за светица

Познатата калуѓерка што папата Фрањо ја прогласил за светица, е родена во Скопје во 1910 година. Многумина веруваат дека половина век им помагала на сиромашните и беспомошните во Калкута во Индија и во други делови од светот.

Мајка Тереза добила Нобелова награда за мир во 1979 година, но оваа жена со албанско потекло знаела како да се постави кон лошите луѓе, па затоа внимателно прочитајте го нејзиниот совет…

„Луѓето можат да бидат неразумни, нелогични и егоистични. И покрај тоа, простувајте им. Ако ја негувате добрината, а луѓето ве обвинуваат, тајно и од лични причини, и покрај тоа негувајте ја добрината. Ако сте постигнале успех, околу вас може да се појават многу лажни пријатели и вистински непријатели. И покрај тоа, продолжете да успевате. Ако сте искрени и отворени, а луѓето ве лажат, и покрај тоа, бидете искрени и отворени. Она што сте го граделе со години може да биде уништено преку ноќ. И покрај тоа, градете. Ако сте пронашле спокој и среќа, ќе ви завидуваат. И покрај тоа, бидете среќни. Доброто што сте го сториле денес, луѓето ќе го заборават уште утре. И покрај тоа, правете добро. Делете го со луѓето најдоброто што го имате и тоа никогаш нема да им биде доста. И покрај тоа, споделувајте го најдоброто што го имате. На крајот на краиштата – ќе се уверите и самите – сето ова е помеѓу вас и Бог. И покрај тоа, тоа никогаш не било помеѓу вас и нив“, заклучила светицата.

„Ако си успешен, ќе имаш лажни пријатели и вистински непријатели“: Вака зборувала најхуманата жена на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.