Блазе си ѝ на Викторија, нејзиниот сопруг нема пивски стомак: Дејвид Бекам има 47 години и изгледа како Аполон!

Погледнете!

Семејството Бекам со недели ужива на крстосување на јахта што ја плаќаат 1,6 милиони евра неделно

Дејвид и Викторија Бекам одлучиле летово да го поминат крстосувајќи на Јадранско море, па поминале неколку дена во Хрватска, каде што освен на јахтата, уживале и во сместување што го плаќале 10.000 евра од вечер!

Секако, не застанале тука, па тргнале на патување во Италија, поточно на брегот Амалфи за оттаму да отидат на Сардинија, која важи за новото прибежиште на вистинските богаташи.

Со нив се и нивните деца, а во еден момент им се придружил и Бруклин Бекам со сопругата Никола Пец, но најголемо внимание и понатаму привлекува Дејвид Бекам!

Иако има 47 години, неговите синови не можат да се рамнат со него според физичкиот изглед. Поранешниот фудбалер го покажал своето извајано тело во шорцеви за капење, како и многуте тетоважи што ги правел низ годините.

Јасно е како ден дека се придржува до строго контролирана исхрана, но и тренинзи.

Жените ширум светот лудуваат по овој фраер, и поради совршениот изглед и поради совршеното чувство за стил.

Додека тој се перчи на јахтата, неговата сопруга Викторија Бекам ни на одмор не пропушта да го извежба тренингот, а видеото што го објави Дејвид ја насмеа целата планета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Бекам не може ниту кафе да се напие на мир: Погледнете ја неговата реакција кога ќе ја види сопругата Викторија! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.