Најдобра и најкратка лекција за стресот: Запомнете ги овие зборови!

Поучна приказна

Не е важно дали чашата е половина полна или половина празна.

Еден психолог го одржал следното предавање на своите студенти:

“Секој ден, ние се соочуваме со предизвици и пречки кои ни помагаат да растеме и кои нè дефинираат. Но, кога стресот ќе се впушти, може да ги направи работите потполно невозможни. Тоа дури може да нè парализира и да нè спречи да ги правиме работите што треба да се прават.”

Потоа, тој истурил вода од бокал во чаша и ги прашал своите ученици:

“Колку е тешка оваа чаша вода?”

Студентите дале различни одговори:

„Две децилитри“, рекла една студентка, по што следеле одговорите: „Три децилитри“, „Пет децилитри“, „300 грама…“

Прочитајте и: Миењето садови го намалува стресот

Професорот им одговорил:

“Апсолутната тежина на оваа чаша не е важна. Зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам една минута, ништо нема да се случи. Ако ја држам еден час, раката ќе ме боли. Ако ја држам цел ден, мојата рака ќе се вкочани и ќе бидам парализиран.

Така, тежината на чашата не е променета, но колку подолго ја држам, толку потешка станува. Стресот и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако некое време размислувате за нив, тогаш не е проблем. Ако размислувате за тоа малку подолго, тогаш почнува да боли. Ако размислувате за нив цел ден, ќе бидете парализирани и не ќе можете да направите ништо друго. Запомнете: Спуштете ја чашата!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.