Мажите во 1990-тите години копнееле по неа, 4 пати се венчавала и се разведувала: За да биде олку згодна, јаде еднаш дневно!

Џејн Сејмур

Џејн Сејмур била многу популарна во 1990-тите

Британско-американската актерка Џејн Сејмур (71) е најпозната по главната улога на докторката во серијата Dr. Quinn, Medicine Woman, на 15 февруари наполни 71 година, а со својот младешки изглед во осмата деценија го воодушевува светот.

Актерката која во 1990-тите беше сонот на многу мажи неодамна откри како ја одржува линијата во осмата деценија.

Џејн редовно тренира пилатес, шета, јаде еден оброк дневно и ужива во консумирањето чаша вино и темно чоколадо.

Открила и дека никогаш не држела диета и верува дека треба да си угодува на себе, но умерено.

„Шетам на плажа, вежбам пилатес. Се обидувам да останам во форма и да јадам здраво. Но никогаш не сум на диета, сето тоа е умерено и тоа функционира за мене“, рекла Џејн.

Одамна е познато дека актерката не е поборничка за естетски корекции.

Бурен љубовен живот

Четири пати се венчавала и разведувала, а првпат се омажила со Мајкл Атенбороу во 1971 година.

По две години нивната љубов згаснала, а Џејн нашла утеха кај неговиот пријател Џофри Планер. Тој брак траел само една година.

Третиот пат се омажила за Дејвид Флајн, со кого има две деца, а по разводот во 1992 година го запознала Џејмс Крич со кого добила близнаци.

Заедно биле до 2015 година кога објавиле дека не се повеќе во брак.

Убавата Џејн трипати се сликала за Плејбој, а последен пат го направила тоа пред пет години, со што станала најстарата жена која се соблекла за насловната страница на познатиот магазин.

Има 69 години, родила четири деца и изгледа неверојатно: Ова е тајната на совршениот изглед на Џејн Сејмур!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.