Има 69 години, родила четири деца и изгледа неверојатно: Ова е тајната на совршениот изглед на Џејн Сејмур!

Погледнете!

Иако има 69 години, атрактивната актерка Џејн Сејмур и денес воодушевува со својата вита фигура и младолико лице

Убавата актерка Џејн Сејмур е една од оние дами што можат да се пофалат со неверојатна фигура и во седмата деценија од животот.

Славната 69-годишна Британка која беше и Бонд-девојка, воодушевува со својата безвременска убавица, покажувајќи ја на Инстаграм својата вита фигура во кратка маичка и во хеланки во својата прекрасна градина.

https://www.instagram.com/p/CFC-rjbnwWl/?utm_source=ig_embed

Витата половина и стомачните мускули ги воодушевиле нејзините бројни обожаватели кои не штеделе на убавите зборови.

„Прекрасна“, „Вау“, „Неверојатно“, „Изгледаш како да имаш 20“, се само дел од комплиментите на сметка на беспрекорната актерка која со години живее во Малибу.

https://www.instagram.com/p/CE2Lp7pnjna/?utm_source=ig_embed

Актерката во едно интервју открила дека нејзината исхрана се базира на пилешко и на зеленчук, како и дека строгата диета никогаш не дава успех.

„Кај мене трикот е во умереноста. Кога ќе си кажам себеси: ‘Во ред, можеш да го изедеш тој колач, но немој цел’, тоа проаѓа“, открила актерката која витата фигура ја одржува со вежбање.

https://www.instagram.com/p/CExC39CHSue/?utm_source=ig_embed

Два пати неделно по 20 минути Џејн вежба комбинација на пилатес, џиротоникс и таканаречениот The Perfect Workout, што подразбира кревање мали тегови.

За да се опушти, ужива во приготвувањето омилени јадења, релаксирачка бања и дружење со своите внуци.

https://www.instagram.com/p/CEkLaJ0n76b/?utm_source=ig_embed

„Ме смирува звукот на бранови и вода. Посветете си време на себе и уживајте во тие мали, но убави мигови кои ја хранат нашата душа“, изјавила убавата актерка, која инаку е мајка на четири деца.

Неверојатно: Наполни 69 години, а еве како изгледа (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.