Како да го намалите влијанието на ретрограден Меркур: Изговарајте ги овие зборови секој ден до 3 јуни и ќе се ослободите од лошата енергија!

Позитивни афирмации

Афирмации што го ублажуваат влијанието на ретрограден Меркур – одберете позитивни промени!

Ретроградниот Меркур официјално започна од 10 мај и ќе трае сé до 3 јуни 2022 година. Кога Меркур ќе тргне наназад, можни се грешки, проблеми во комуникацијата, патувањата, транспортот, забавување на плановите и на животот генерално.

За да го намалите негативното влијание на ретроградниот Меркур, на луѓето им се советува да останат флексибилни, трпеливи и полни со разбирање, да остават дополнително време за патување и да одбегнат потпишување нови договори што не се сигурни. Исто така, астролозите предупредуваат дека ретроградниот Меркур носи и расипување на уредите и губење работи.

Меѓутоа, ако работите на личниот развој, имате мир во срцето и го знаете својот пат, можете да го ублажите ова неповолно дејство. Од вас зависи дали ќе живеете среќно и добро, па затоа активирајте се, без стравови!

Доколку во сезоната на ретрограден Меркур ви треба дополнителна мотивација, самодоверба и извор на добра енергија, можете да ги искористите следниве афирмации.

Изговарајте ги секојдневно до 3 јуни и ќе видите како лошите работи лесно може да се трансформираат во добри.

  • Секоја лоша емоција ја претворам во емпатија.
  • Наместо да се фокусирам на гневот, се фокусирам на лекување на болката.
  • Колку повеќе се познавам себеси, толку повеќе можам да бидам своја.
  • Во ред е да се премислам и да направам промена.
  • Заробена сум само во сопствената илузија.
  • Сите работи ги доживувам со љубов.
  • Моето внатрешно дете е среќно и подготвено за играта што се вика живот.
  • Ја слушам интуицијата и знаците што ми се појавуваат.
  • Моите соништа успеваат само кога ризикувам.
  • Да мислам дека немам избор е избор.
  • Одвојувам време за одмор.
  • Мојата емоционална болка ми покажува што треба да се излекува.
  • Се поврзувам со своето битие и ги лекувам раните од минатото.
  • Мојот живот е во совршена рамнотежа кога го слушам своето срце.
  • Се ослободив од негативните работи за да си дозволам себеси да растам.
  • Се ослободувам од сé што ме кочи.
  • Најмногу се молам за доброто на сите.
  • Ги завршувам старите проекти и подготвена сум за нови.
  • Комуникацијата може да ја спаси секоја ситуација.
  • Тревата е најзелена на местото каде што стојам.
  • Мојот живот станува подобар со промена, а не по случајност.
„Лошиот“ ретрограден Меркур,за некого ќе биде добар: ОВИЕ хороскопски знаци ќе „процветаат“ во љубовта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.