„Лошиот“ ретрограден Меркур,за некого ќе биде добар: ОВИЕ хороскопски знаци ќе „процветаат“ во љубовта!

Дали сте меѓу нив?

Фото: Getty Images

Сега е совршено време за љубовта да се подобри. За три хороскопски знаци, односите се подобруваат токму за време на ретроградниот Меркур.

Овен

За вас среќата во љубовта ќе значи да имате пристоен разговор со некој за кој се грижите. Ова може да е веќе постоечки пријател, кој до неодамна не го набљудувавтена љубовен начин. Сфаќате дека оваа личност може да биде повеќе од пријател. Тука е за вас кога ви е потребна и не можете да ја заборавите. Благодарение на ретрограден Меркур, почнувате да ја гледате во поинакво светло. Бидејќи се докажа дека е достојна за верба, вие ги поместувате границите и почнувате да се чувствувате сè повеќе и повеќе отворени кон оваа личност и нејзините намери. Дали сакате романтична врска или пријателство, ваше е да одлучите,а таа ќе го почитува вашиот избор.

Бик

За време на ретроградниот Меркур вие ќе го пронајдете вистинскиот партнер. Остатокот од месец мај ви ги отвора очите дека човекот во вашиот живот е некој кој навистина заслужува ваша комплетна наклонетост. Овој временски период ви носи сила да ги тргнете настрана вашите сомнежи и само да продолжите со текот на она што изгледа дека ви го носи оваа врска – радост. Овој месец не е периодот каде што нешто„се случува“, туку се бара од вас да дозволите природен тек на настаните. Конечно се појави некој кому може да му верувате.

Терезија

До крајот на мај ќе престанете да си стоите на патот и со тоа ќе можете да ја искусите љубовта која очајно пробува да стигне до вас. Се чини дека сте држеле некого на растојание. Ви се допаѓа и знаете дека му се допаѓате, но не сте биле подготвени да му посветите време и внимание, затоа што не сте сигурни дека сакате да се справувате со неуредноста на љубовта. Оваа личност прави „нередот“ да изгледа како добра работа, а допуштањето на љубовта може само да ја разбие монотонијата на бескрајното одбивање на истата. Искористувајќи ја оваа шанса, го отворате целиот ваш универзум.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.