Секоја љубовна приказна е инспирација за уникатна свадбена торта – Канела Струмица

Погледнете ја галеријата уникатни свадбени торти кои се дел од трендовите пролет лето 2022

Денот на Вашата венчавка е посебен ден кој означува почеток на ново поглавје во животите. Ден за кој сте мечтаеле уште од најраното детство и во кој сакаме се да е совршено, затоа што спомените траат вечно.

Слаткарница Канела од Струмица веќе 25 години е дел од секоја љубовна приказна во регионот со своите торти ремек дела.

Тимот на слаткарницата Канела постави нови стандарди во слаткарството на нашите простори, со дизајн и креација на свадбени торти кои ќе го одбележат Вашиот посебен ден.

Секој детаљ од Вашата венчавка треба да отсликува автентичност, стил и уникатност. Вештите мајстори можат да ја исполнат секоја Ваша слатка желба и да ги надминат сите слаткарски очекувања. Секако како врвни професионалци може да Ви предложат торта или останати слатки задоволства кои најдобро прилегаат со секој ваш детал.

„Секоја љубовна приказна е наша инспирација… Ги исполнуваме и најлудите желби и правиме од невозможното возможно.
Вашата торта може да биде баш таква како што сте ја замислиле па дури и повеќе од тоа. Сите задоволни клиенти насекаде од државата не мотивираат секојдневно кон поместување на границите и постојан технолошки и креативен напредок“, изјави сопстевникот на Канела Струмица, Никола Ристов кој 10 години професионално се занимава со дизајн на торти.

Погледнете ја галеријата уникатни свадбени торти кои се дел од трендовите пролет лето 2022

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.