ТРИК да ги исушите алиштата за ДВА ЧАСА во зима: Секогаш ќе го применувате! (ВИДЕО)

Пробајте го!

Добра фитна!

Бидејќи живее во мал еднособен стан, Алекс Бирн со години се мачи со сушење на алиштата, бидејќи нема доволно простор да ги рашири. Меѓутоа, еден ден ѝ се појавила одлична идеја.

Откако ги прушила алиштата на сушалката, зела голем чаршаф и го пружила врз преостанатите алишта на сушалката, протнувајќи го и под неа, а потоа и врз радијаторот.

Подоцна сфатила дека чаршафот го заробил топлиот воздух и на тој начин помогнал алиштата да се исушат за два часа, тврди таа.

Се обидував да сфатам каде да го закачам чаршафот за да се исуши, освен на вратата од кујната од каде излегува мирисот на храната.

Сушалката најчесто ја чувам до радијаторот, особено во зима, и си помислив зошто да не ставам чаршаф над неа, да ги протнам краевите преку радијаторот и под ногарките на сушалката? Така целиот топол воздух од радијаторот ќе оди во облеката и тие брзо ќе се исушат, изјавила Алекс за тоа како дошла до оваа идеја.

Луѓето ме прашуваат зар не се создава влага на тој начин, но јас внимавам чаршавот целосно да не ја покрива сушалката и секогаш да има места каде што воздухот излегува и ја загрева просторијата, вели таа.

Ако сè уште сте загрижени за влагата, отворете го прозорецот малку или вклучете навлажнувач на воздух.

Нејзиниот едноставен трик собра повеќе од 4.000 лајкови на Фејсбук.

https://www.youtube.com/watch?v=x3fhKm67oUw&t=6s

Го практикувам со години и одличен е, сите мои алишта се сушат толку брзо, напиша еден следбеник.

„Зошто не го видов ова порано? Постојано се прашувам како побрзо да ги исушам алиштата без да ја вклучам машината за сушење“, додаде друг.

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.