8 работи што мора да ги направите пред 8 часот наутро: Килограмите се топат, енергијата расте!

Препорака

За да почнат работите да се одвиваат во позитивна насока, би требало да стекнете некои здрави навики што ќе ве преродат

Експертите препорачуваат секое утро да ги направите овие 8 работи и тоа пред 8 часот.

1. Спијте 7 или повеќе часа дневно – тоа е здрав сон

Предностите на здравиот и редовен сон се: добра меморија, долг живот, здрав организам, помалку стрес, слабеење, креативност, фокусираност, намалена зависност од кофеин, намален ризик од незгоди, намалена депресија и слично.

2. Молете се или медитирајте (како сакате)

Молитвата ќе направи да се чувствувате ментално силни и полни со позитивна енергија, бидејќи ќе верувате дека тој ден ќе ви се случат добри работи и дека сте заштитени, сигурни.

3. Физичка активност

Не велиме дека треба да џогирате (иако тоа е најдобрата опција), но дури и умерената физичка активност ќе направи чуда за вашето тело. Крвните садови и лачењето лимфа ќе се зголемат, телото ќе ви се разбуди, метаболизмот ќе се забрза и слично.

4. Појадувајте протеини: сланина и јајца

Доналд Леиман, професор во Чикаго, препорачува да внесете 30 г протеин со појадокот. Благодарение на таквата исхраната, ќе имате доволно енергија, ќе се чувствувате сити и ќе го одбегнете појадокот во форма на печива и благо.

Тим Ферис го тврди истото, со тоа што тој предлага да појадувате 30 г протеини 30 минути по будењето. Тој тврди дека поради таа навика ослабел 8 кг за еден месец.

5. Туширајте се со ладна вода

Сите светски експерти тврдат дека туширањето или бањањето во ладна вода може да му донесе само придобивки на целото тело. Доктор Бубновски, руски експерт тврди дека благодарение на тоа што го потопува телото во ладна вода 5 секунди секое утро, го излечил високиот крвен притисок и го зајакнал имунитетот.

6. Слушајте или читајте корисни работи

Ако вестите ве заморуваат и деморализираат, немојте ни да ги читате ни да ги слушате. Пуштете си музика што ве прави среќни. Прочитајте неколку реда од книгата што ја сакате и сè ќе си дојде на свое место.

7. Преслушајте се и размислете за своите цели

Дали знаете каде одите? Што е тоа што би го сакале најмногу на светот? Ако ги знаете своите цели, сè брзо ќе си дојде на свое место.

8. Направете барем еден чекор кон вашата долгорочна цел

Утре е сега. Не го одложувајте она што го сакате или посакувате. Време е да се погрижите за себе.

Едноминутни навики кои ќе го променат вашиот живот на подобро
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.