Отсекогаш сакала жестоки момци: Цеца била во врска со некрунисаниот крал на Звездара

На 23 години му пресудил кумот

Во деведесеттите години на минатиот век низ белградските кулоари се распространи приказната дека популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ е во љубовна врска со Дејан Марјановиќ Шабан, кого го нарекуваа „опасното момче“ од Звездара.

Младиот Дејан имал завршено градежно училиште, бил сопственик на фирма што се занимава со трговија, возел „бемве“, обожавал да се расфрла и покажува, и ситедевојки трчале по него. Ражнатовиќ и Марјановиќ често биле гледани во познат белградски клуб, па оттука ипочнале шпекулациите дека се во љубовна врска.

И тие во неколку наврати потврдија дека се заедно, а на еден нивни собир беше создадена заедничка фотографија, која сè уште се споделува на социјалните мрежи и на страниците „Пулсот на асфалтот“ и „Легендите на деведесеттите“, кои се занимаваат со вакви теми.

Во своето последно интервју, што беше направено само два часа пред неговата ликвидација, Шабан ја негираше врската со Цеца:

Јас сум млад човек, завршив градежно училиште, сакам да бидам во друштво на убави девојки, да возам убав автомобил. Еве, имам ‘бемве 850,’ што, верувам, во моментов е најдобриот автомобил од таа класа во Белград. И девојките ме обожаваат. Ве молиме, објавете дека сите приказни за мојата наводна врска со нашата најпозната фолкерка се чиста фикција и невистина. Ја сакам само мојата свршеница Јелика Матиќ Синди. Таа е познат фото-модел на Запад и јас сум среќен со неа“, изјавил тој на 18 октомври далечната 1994 година, само два часа пред да биде изрешетан пред влезот на својата зграда на Булеварот револуција.

Се смета дека тогаш 23-годишниот Дејан бил убиен од страна на својот кум Александар Пауновиќ познат како Малиот Паун, кој со убиството на Дејан сакал да се докаже во редовите на белградското подземје.

Сепак, Цеца еднаш зборуваше за нејзиното запознавање со Шабан и рече дека го запознала преку Мира Шкориќ:

Фото: Курир.рс

 

Мира Шкориќ ме запозна со него веднаш штом дојдов во Белград. Тој ми беше претставен како сопственик на синџир на бутици, ми рекоа дека неговиот татко е архитект и дека е убаво и образовано момче. Немав идеја дека тој е момче од асфалтот. Се забавував со него 17 дена и кога дознав кој е и што е, веднаш го оставив“, изјави пејачката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.