3 работи поради кои Новак Ѓоковиќ е непобедлив: Никогаш не криел дека ОВА му дава најголема сила во животот!

Инспирација

Новак Ѓоковиќ го постигна тоа што ниеден тенисер досега не успеал – го освои 23. гренд-слем трофеј, поради што сега е рекордер и стана првиот тенисер што на секој гренд-слем славел титула најмалку три пати

Новак Ѓоковиќ влезе во историјата на тенисот како непобедлив спортист. Ниту еден друг тенисер досега не може да се пофали со она што го направи тој. Непобедливиот Новак Ѓоковиќ никогаш не криел дека овие 3 работи му помогнале да стане број еден:

1. Семејството

Членовите на неговото семејство секогаш верувале во Новак и максимално му се имаат посветено на неговиот успех. Од родителите па до сопругата Јелена и децата, сите биле и останале покрај славниот тенисер.

2. Исхраната

Откако почнал да практикува автофагија, Новак тврди дека се преродил. Смета дека токму ваквиот начин на исхрана придонел за неговиот успех и издржливост. Покрај што практикува автофагија, Новак е и вегетаријанец, а не јаде ни намирници што содржат глутен.

3. Амајлијата

Новак никогаш не се одвојува од крстот од Хиландар, што го носи околу вратот и често можеме да видиме како во паузите на тенискиот терен го бакнува крстот и му се заблагодарува на Бога.

Зошто децата на Новак Ѓоковиќ сè уште не се крстени: Дијана Ѓоковиќ конечно ја откри вистината и сите се чудат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.