Не сте ја виделе во вакво издание: Погледнете што прави Наташа Беквалац на аеродром! (ФОТО)
Не ѝ е лесно...
Поп-пејачката Наташа Беквалац неретко на социјалните мрежи објавува и слики и снимки од патувањата.
Таа сега на својот профил на Инсаграм објави како изгледа кога ќе ја стаса уморот по исцрпувачките настапи.
Имено, пејачката е сликана на аеродромот во Тиват и тоа како спие во скутот на својата блиска пријателка и соработничка Тања Мркиќ. Тие две чекале авион за Белград, а со оглед на тоа дека биле изморени, решиле да прилегнат.
Другарката се сместила на столицата, а Наташа ја ставила главата во нејзиниот скут и така заспале.
Тоа често ни се случува, патувањата се исцрпувачки и се случува организмот да не може веќе да издржи. За среќа, со нас секогаш оди менаџерот Саша Васиќ кој се трудио да не останеме на гејт – рекла Наташа за Телеграф.рс.
Коментарите се заклучени.