20 моќни животни лекции на познат руски психолог: Овие зборови го менуваат животот од корен!

Внимателно прочитајте!

Фото: Unsplash

Овие зборови ќе ви го разубават денот и ќе ве натераат добро да размислите за вашите постапки и за начинот на кој го гледате животот

Михаил Литвак е еден од најценетите психолози во светот. Неговите зборови се прераскажуваат, а ние најдовме 20 негови моќни животни совети. Внимателно прочитајте ги овие зборови…

  • Ако човек не може да каже ништо добро за себе, а сака да каже нешто, тој почнува да зборува лошо за другите.
  • Гризи ја науката, а не грлото на својот близок, ако веќе навистина сакаш да загризеш нешто.
  • Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размислува за себе.
  • Никој никого не отфрла, само некој оди напред. Оној што застанал, смета дека е отфрлен.
  • Ако мислите добро за себе, зошто ви е потребно уште некој да мисли добро за вас?
  • Прави што сакаш и не прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.
  • Способноста да се сака и добро да се поднесува самотијата е показател на духовна зрелост. Најдобро правиме сè кога сме осамени.
  • Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата дејствува.
  • Јас не го знам патот до успехот, но го знам патот до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.
  • Не постои машка или женска логика, постои способност или неспособност мудро да се размислува.
  • Сакаш да го дознаеш својот главен непријател? Погледни се во огледало. Избори се со него и другите ќе се разбегаат.
  • Постигни успех – навредите ќе поминат.
  • Пријатно е да се разговара со пријателите, а со непријателите е корисно.
  • Постои само една валидна причина за прекинување на врската и прекинување на работниот однос – неспособност за личен раст во дадените околности.
  • Треба да се споделува само радост и со пријателите и со непријателите. Пријателот ќе се израдува, а непријателот ќе се вознемири.
  • Не барај среќа и ќе го најдеш местото каде што таа живее. И среќата ќе те најде сама. Можам да ти го кажам местото каде што живее твојата среќа – во тебе самиот. А патот до неа е максимален развој на сите твои способности.
  • Среќата е „нуспроизвод“ на правилно организирано дејствување.
  • Ако некому сакаш да му докажеш нешто, значи дека живееш поради оној кому сакаш тоа да му го докажеш.
  • Ако живееш поради себе, тогаш нема потреба некому да му докажуваш нешто.
  • Имагинација – тоа е гласот на нашите способности. Па така, јас не фантазирам да пеам во опера. Немам ни глас ни слух. А кога би фантазирал за тоа, фантазијата би ги подгревала моите способности. Поради тоа би се потрудил да успеам во операта. Само треба да се размислува како да се оствари тој сон. Тука најважно е да не се брза, тогаш соништата се остваруваат релативно брзо. Добро е кога човек може да го каже следново за себе: „Јас се занимавам само со обидите да ги остварам своите соништа“.
  • Подобро е да се комуницира со добра книга одошто со празен човек.
Зборови што откриваат голема вистина: „Знаењето и мудроста ни доаѓаат тогаш кога веќе не ни се од корист“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.