Роналдо и Георгина се „дават“ во луксуз: Манекенката споделила фотографија од приватниот авион и сите го забележале ова!

Живот на висока нога

Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот и неговата свршеница уживаат во луксузот

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо и Георгина Родригез уживаат во својата романса и живеат живот за каков што многумина можат само да сонуваат.

Аргентинската манекенка на Инстаграм споделила дел од нивното луксузно секојдневје, а нејзината објава собрала повеќе од 2 милиона лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Имено, Георгина и најдобриот фудбалер на светот уживаат во луксузниот приватен авион на Роналдо, а на љубителите на модата и на модните експерти в очи им паднала чантата „Хермес Биркин“ што ја носела манекенката.

Станува збор за престижна чанта по која трендсетерките лудуваат, но ретко кој може да си ја дозволи со оглед на вртоглавата цена од 18.000 фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Ова не е првпат Георгина да споделува фотографии што прикажуваат семејни моменти. Двојката има ќерка Алана Мартина, додека Роналдо има и близнаци, Ева и Матео, што ги добил со помош на сурогат-мајка, како и неговиот најстар син Кристијано Јуниор (10), чија мајка не ѝ е позната на јавноста.

Да се потсетиме, Георгина и Роналдо се запознале додека манекенката работела во продавница на „Гучи“ како помошничка за продажба во Мадрид, а нејзината популарност драстично скокна кога почна да се забавува со славниот фудбалер.

Инаку, неодамна беше објавено дека Нетфликс најавува нови шпански серии, меѓу кои е и документаристичкото реално шоу, чија главна ѕвезда е токму Георгина.

Како што е најавено, камерите ќе ја следат со денови, а тоа ќе биде прикажано по пат на стриминг-сервис.

Едвај сврзувала крај со крај, а потоа тој ѝ го претворил животот во бајка: Еве како Георгина го завела Роналдо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.