Трансродна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ ги воодушеви сите: Доби огромен аплауз и поддршка од сите, само од еден не! (ВИДЕО)

Запознајте ја Алина!

Во популарното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ пред два дена настапи интересна девојка, која со својата појава привлече големо внимание.

Имено, Алина која била родена како Алино Јухарт (29) дошла од Марибор за да ја проба среќата во „Ѕвездите на Гранд“.

Во црн фустан до колена и високи потпетици и исфенирана долга коса, Алина уше во првата песна добила глас од Александар Милиќ – Мили, а набрзо стигнала поддршката и од останатите.

Иако збунето гледале во натпреварувачката, со оглед на тоа дека на листовите им пишувало машко име, додека на сцената виделе жена, поддршката на изостанала. Таа добила шест гласови, а само Драган Стојковиќ – Босанац не гласал за трансроидната пејачка. По настапот Сања Кужет рекла дека пеел Алино, но таа веднаш ја поправила.

„Пеела“ – рекла таа, што ја збунило водителката, со оглед на тоа дека има машко име, па таа истакнала дека иако е трансродна личност, таа е всушност жена која сака да го живее својот живот и да ги исполни сонот да пее во „Ѕвездите на Гранд“.

„Голема е честа што сум тука. Јас сум инаку од Словенија, а од фебруари живеам во Белград. Дојдов тука бидејќи мислам дека Србија и  целиот регион мора да запознае жена како мене. Јас сум само една нормална личност која сака да биде сакана и да биде среќна како сите ние. Сакам да ја инспирирам секоја личност да го живее својот живот и својата животна вистина. И ве обожавам сите вас, не можам да верувам дека сум тука“ – рекла натпреварувачката, а сите во студиото ја поздравиле со аплауз.

Погледнете го најзиниот настап:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.