Сопственикот на скопската кафеана од која беше исфрлена Сораја: Беше некултурна, Србите се секогаш добрeдојдени! (ВИДЕО)

Тој има поинаква приказна за разлика од старлетата...

Фото: Инстаграм

Српската старлета Сораја Вучелиќ пред неколку дена беше исфрлена заедно со нејзиниот партнер од една позната скопска кафеана. Потоа таа за медиумите изјави дека била избркана за тоа што наводно и кажале дека не се тука добродојдени, бидејќи биле Срби.

Меѓутоа за српските медиуми, сопственикот на кафеаната има сосема поинакво образложение.

– Не е точно дека имаме против браќата и сестрите од Србија. Напротив! Таа вечер имаше многу луѓе од вашата земја. Ја негуваме соработката и драго ни е кога ќе ни дојдат гости од сите краеви на Србија. Тоа што старлетата изјавила е небулоза. Јасно е дека целта и е да ја префрли топката, а тоа и го прават жени од нејзин калибар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara 🧿 (@sorajavucelic)

– Најкултурно ги замоливме да излезат од локалот порад недолично однесување. Кај нас нема непожелни гости, но некои кодекси на однесување мора да се знаат. На снимката се гледа дека келнерот човечки им пристапи и ги замоли да ја напуштат кафаната – рекол Илија.

– Такво некултурно однесување на една жена не сме виделе, а сме имале секакви случаеви. Таа се фали со некое богатство на социјалните мрежи, а во кафеана не сака да ја плати сметката. Се фали дека е позната, а однесувањето никакво. Ако овој објект, каде работиме како обезбедување не е од реноме, таа не би дошла – рекле Адо и Будо од обезбедувањето кои ја исфрлиле Сораја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara 🧿 (@sorajavucelic)

– Нашите гости се угледни луѓе од сите области, никогаш никој не доживеал непријатност кој умее да се однесува. Таа жена е отстранета, да не кажам исфрлена од кафеаната и тоа е единствената вистина – рекол сопственикот.

Од медиумот ја барале Сораја за изјава, а таа им порачала дека ќе го тужи сопственикот на ресторанот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.