Снежана Ѓуришиќ по толку години откри зошто не пеела по кафеани: „Тие ме спасија, бев девојче“

Ѓуришиќ: Имав среќа како девојче да пеам кај Тито

Иако својата музичка кариера ја почнала уште како дете, Снежана Ѓуришиќ дури сега открива зошто на своите почетоци не пеела по кафеани.

Пејачката тврди дека голема улога во нејзиниот успех имале нејзините родители кои знаеле да ја водат на вистинскиот пат.

„На мои девет години веќе пеев, имав снимено и плоча, а на 12 веќе го заработив и првиот хонорар. На само 11 години пеев кај Тито, тоа е еден спомен кој вечно ќе си го носам. Сум имала привилегија и среќа“, рече Ѓуришиќ.

Меѓу другото во ТВ гостувањето пејачката се присети и на периодот кога, како мало девојче, запловила во музичките води.

„Спасена сум од многу работи и тоа токму поради фактот што се почна кога бев мало девојче. Тука беа моите родители кои постојано се грижеа за мене и ме насочуваа се додека не почнав да сфаќам што е животот, што е работата. Бев поштедена од патот по кој одат сите кои имаат пејачка кариера, пеењето во кафеана“, додаде Ѓуришиќ.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.