Подобрете го помнењето на природен начин!

Кофеинот и алкохолот во помали дози помагаат за подобра меморија

Фото: Getty Images

Ова се навиките кои треба да ги имате во вашето секојдневие, за да имате меморија на „слон“

Вежбање

Мажите најчесто се поактивни од жените, но тоа не значи дека доволно вежбаат. Истражувањата покажаа дека вежбањето е голем засилувач на помнењето. Всушност, само намалувањето на калориите може многу да ви помогне да се сетите каде сте ги заборавиле клучевите. Затоа, отфрлете ги сендвичите и пржените компири и излезете на воздух. Возете велосипед, качувајте се по скали наместо со лифт и пешачете до продавницата. Дури и наједноставните вежби ќе влијаат на меморијата повеќе отколку невежбањето.

Кофеин

Никој не може да го оспори фактот дека кофеинот делува на будноста, а со тоа и на помнењето. Пред да се фрлите на масовно подготвување кафе со надеж дека ќе вратите некое одамна изгубено сеќавање, имајте на ум дека може да има и негативни ефекти, затоа консумирајте го во умерени количини.

Преспивање

Ако сакате секој ден попладне малку да дремнете, ќе бидете воодушевени од веста дека научниците откриле како тоа го подобрува декларативното помнење. Тоа е меморија која користи за да се сочуваат важни факти, на пример кога се подготвувате за испит. Ако се подготвувате цел ден, не заборавајте да направите пауза и малку да ги “затворите очи“. Само тоа нека не биде подолго од 45 минути, со цел да избегнете тонење во длабок сон.

Алкохол

Иако ова изгледа како листа за оправдување на лошите навики, умереното внесување алкохол во организмот навистина може да влијае на помнењето. Последните истражувања покажаа дека еден до два алкохолни пијалаци на ден можат да го подобрат помнењето, па дури и да ја спречат сенилноста, додека пак големата количина алкохол може да ја оштети меморијата. Држете се до 2 децилитри вино секој ден, сè што е над тоа може да направи повеќе штета отколку добро.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.