Софија Ричи е бремена: „Мислев дека е замор, но тестот покажа поинаку“

Честитки!

Кога Софија Ричи Гренџ се омажи минатиот април, за венчавката се слушна низ целиот свет и оттогаш Софија е во центарот на вниманието.

Иако се следи секој нејзин чекор, Софија успеала да ја сокрие бременоста од јавноста.

„Бев бремена околу четвртата недела. А бев на патување во Милано за модната недела, отидов и на ревијата на Прада. Се чувствував ужасно, но не размислував многу за тоа. Мислев дека е замор” – рекла таа.

Како што истакнала, планирала да оди на концертот на Ед Ширан. Меѓутоа, Софија го направила тестот кој бил позитивен.

Таа веднаш му кажала на Елиот да влезе во неговиот автомобил и да оди во CVS за да земе уште три најдобри тестови за бременост што можел да ги најде.

„Разговаравме цел пат по телефон, а кога се врати дома, се обиде да ги заштити моите емоции и очекувања, па ми рече: „Ако овие се негативни, не грижи се. Ќе дојде нашиот момент.’ Кога ги погледнавме сите три теста во исто време, сите беа позитивни. И двајцата плачевме”. – изјавила Софија за Vogue.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.