Шварценегер му ги прекинал финансиите на синот откако завршил факултет: „Ми кажа дека сега сум препуштен на себе“!

Исправно или не?

Синот на Арнолд Шварценегер, Џозев Бен открил дека татко му престанал да го финансира кога го завршил факултетот.

Имено, Арнолд го добил Џозев со куќната помошничка, која наводно била бремена во исто време кога и сопругата на актерот, Марија Шрајвер .

Џозеф дознал кој му е татко во 2011 година, кога му раскажала неговата баба се, а од тогаш животот целосно му се променил.

Тргнал по стапките на татко му, станал актер и бодибилдер, но кога татко му престанал да го финансира, тој започнал да работи со недвижности за да може да се издржува.

„Благодарен сум на татко ми што ми помогна околу факултетот. Но, сега кога тоа е готово, тој ми кажа: „Понатаму одиш сам“. Си помислив: „Какво сра*е“.

Џозеф се обидел тогаш да се занимава со глума, но не му тргнало, па морал да тргне по друг пат.

„Ми требаше работа, не ги добивав улогите и немав како да заработам. Морав нешто да работам, па започнав да волонтирам во една агенција за недвижности. Сакав да научам што е можно повеќе и да заработам пари. Но, потоа почнав да уживам во тоа и сфатив дека добро го работам, па так добив и лиценца“ – заклучил Џозеф.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.