Се раѓаш, живееш малку, па те отпишуваат како старо железо: Еве кога луѓето се официјално стари!

Што мислите вие?

Ако некого го наречете стар, тоа не се смета за пристојно

Тешко е да се одреди кога некој станува стар. Кога луѓето ќе поминат некои средни години, ги викаме стари. Така оди во животот. Млад си во средните години и потоа си стар.

Но ако наречете некого стар, тоа не се смета за пристојно. Колку и да е некој стар, за многумина тоа е погрден збор.

Во анкета спроведена помеѓу возрасните Американци во 2016, испитаниците одговарале дали сметаат дека човек од 65 години е стар. Дури 60% од младите испитаници помеѓу 18 и 29 години, одговориле потврдно, но само 16% од луѓето постари од 60 години го кажале истото.

Две третини од испитаниците ги доживувале оние на 65 години како луѓе со средни години, дури и ги дефинирале како млади.

„Не би рекла дека 65 години е старо, но знаеме дека тоа не се средни години, бидејќи колкумина живи 130-годишници можете да видите?“, изјавила Сузан Џејкоби, авторка на книгата „Никогаш не вели смрт: Митови и маркетинг на новата стара доба.“

Изразот „стар“ со сите свои конотации најмалку им одговара на побогатите луѓе, како и на оние со добро здравје.

„Постарите возрасни сега имаат побогати животи и повеќе искуства од која било друга возрасна група“, смета новинарката Ина Џефе.

„Некои работат, некои се во пензија, некои одат во вежбалница секој ден, други уште во младоста страдаат од хронични болести. Некои патуваат низ светот, некои се грижат за внучиња, нема правила“, додала новинарката.

Па така, ако луѓето од 65 до 85 години не се стари, што се? Новинарката Џефе го предлага изразот „повозрасни“, бидејќи така не може никој директно да се навреди.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.