Саша Поповиќ откри како изгледала првата средба со Марија Шерифовиќ: „Така ме исшамари…“

Сигурно го болело...

Пејачката Марија Шерифовиќ и поранешниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ важат за многу блиски пријаели, но не било секогаш така.

Имено, за нивната прва средба малку се знае, со оглед на тоа дека разликата во години помеѓу нив двајца е голема.

Марија признала дека како дете сакала да оди со мајка и на снимање на емисии, а и денеска се сеќава на нејзиното прво одење во телевизија.

„Се сеќавам дека тоа беше во ЗАМ, прво влеговме во Земун, а јас сакав да одам со неа. Некогаш емисиите се снимаа кога јас бев во училиште, втора смена и не можев да стигнам. Мислам, убаво е тоа што како дете сум одела и сум ги гледала сите тие луѓе, а сега можам да се карам со нив“ – рекла Марија со насмевка.

Саша исто така раскажал за нивната прва средба во 1998 година, кога Марија имала само 15 години.

„Тоа никогаш нема да го заборавам. Марија беше дете и Верица ја донесе на снимање, а во таа емисија беше и покојниот Шабан Шаулиќ, Весна Змијанац и сите пејачи доаѓаа и ми велеа: „Добро вечер директор“. И сега Верица ја носи Марија и вели: „Ова е директорот Саша Поповиќ“, а потоа мене: „Да те запознаам, ова е мојата Мара“, а она поминува покрај мене и ми вели само „Здраво“. Види, така ме ишамари, онака здраво, се брзам… И ништо, седна покрај мене, јас и велам како си, а она ме гледа и си мисли: Добро стари, зошто ме прашуваш“. Беше фраер од мали нозе и беше џамбаз“ – со насмевка раскажал Саша.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.