Прва снимка на Анастасија Ражантовиќ на која се смее и пее: Пејачката се врати во Белград по загубата на бебето! (ВИДЕО)

Видео

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето во петтиот месец од бременоста и од тогаш се повлече од јавноста и социјалните мрежи.

По немилата случка, Анастасија ја напушти Севиља, каде живееше со момчето, фудбалерот Немања Гудељ, а потоа се врати во Белград за да биде со семејството во овие тешки моменти.

Со денови не се знаеше каде е и што прави, а сега нејзината кума Тара Милутиновиќ објави снимка и откри дека повторно е вратена насмевката на лицето на Анастасија.

Тие две се возеле со автомобил и на цел глас ја пееле песната на Петар Грашо, „Ко нам брани“. Кумата била посебно весела, а на втората снимка таа напишала:

„Тоа беше добра недела“!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.