Последната проценка на богатството на Драгана Мирковиќ изнесува 100 милиони долари: На овој начин пристигнуваат парите! (ФОТО)

Машала...

Фото: Рајко Ристиќ

Името Драгана Мирковиќ ќе ја пронајдете во музичките приказни, но и на листата на најбогати јавни личности, како во Србија, така и во регионот…

Нејзиното богатство е мета на бројни странски сајтови кои го проценуваат богатството на познатите. А кога ќе се погледне со што се занимава и што располага познатата пејачка, се добива одговор кој и донел милиони и милиони долари.

Драгана, која кариерата ја започнала во осумедесетите години и која до 2017 година објавила 21 албум, заработува и од својата основна професија.

Иако интернетот значително ја намали заработувачката од цедиња, доста голем број од нејзината публика и денеска сака да купи нејзино цеде.

Таа има доста следбеници на социјалните мрежи, а на Инстаграм има преку 100.000 следбеници.

Сепак, многу поголема заработка имаат од бизнисите со нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ. На прво место тоа е телевизијата „ДМ САТ“, комерцијален тв-канал кој го води пејачката…

Кабловската и сателитска телевизија, Драгана и Тони ја оформиле уште во 2005 година во Пожаревац. Брзо дојде до листата на најгледани телевизии. Позади нив се веќе 13 години успешна работа, а несомнено е дека за популарноста на телевизијата допринела и токму пејачката.

Нивното богатство според сајтот „Net Worth Celebrities“ изнесува 100 милиони долари.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.