„Луѓето мислат дека имам милиони, а јас сум бездомничка“: Пливала во пари, па со децата завршила на улица

Тешка судбина

Некогаш популарната пејачка станала бездомничка кога судбината се поиграла со нејзиниот живот. Некогаш заработувала огромни пари

Хана Спирит некогаш била една од најпожелните русокоси, а во 1990-тите се прославила како членка на популарната група S Club 7. Популарноста ѝ донела голема заработка, но денес е бездомничка.

Музичката група во која настапувала Хана била една од најпопуларните, но сепак се распаднала во 2003 година. Додека постоел и бил актуелен, бендот остварил заработка од цели 50 милиони фунти.

Сепак, судбината жестоко си поиграла со Хана, една од најпопуларните членки на бендот, а таа без задршка проговорила за сиромаштијата што ја снашла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hannah Spearritt (@hannahspearritt)

Таа открила дека заедно со семејството, сопругот Адам Томас и нивните две деца завршила на улица, бидејќи сопствениците на куќата во која живееле во Лондон, ја продале куќата. Со оглед на тоа што немале доволно средства да плаќаат висока кирија, ги прибрала нејзина пријателка, а ги сместила во нејзината канцеларија.

„Тоа беше многу стресно. На нашиот станодавец итно му требаа пари, па брзо го продаде имотот и моравме да се отселиме во рок од два дена. Немавме време да најдеме друг дом. Имавме среќа што работите можевме да ги складираме во неотворено кафуле, но немавме каде да одиме“, се присетила Хана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hannah Spearritt (@hannahspearritt)


Додека била членка на групата, на годишно ниво наводно заработувала до 150 илјади фунти, но и покрај тоа, тврдела дека не биле доволно платени со оглед на приходите што ги остварувал бендот.

„Луѓето мислат дека сме милионери, но тоа не е вистина“, признала таа.

Денес има план да ја оствари долгогодишната желба и да отвори кафуле од кое би заработувала.

Била сопруга на славен актер, а сега живее на улица и собира храна од контејнери: Неверојатен шок за некогашната манекенка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.